ГОРЕШЕ ДЕПОНИЈАТА ВО ВЕЛЕШКО Двајца пожарникари го гаснеле огнот, ветрот им создавал проблеми
Од ТППЕ Велес апелираат до граѓаните штом забележат пожар веднаш да се јават на бесплатните телефонски броеви 193 или 112.
Пожар на велешката депонија за комунален смет, лоцирана на Штипско џаде над градот, во Територијалната Против Пожарна Единица Велес бил пријавен вчера, околу 11.30 часот. Двајца пожарникари на депонијата го гаснеле огнот скоро два часа сè о 13:20 часот со едно противпожарно возило, информираат денеска од ТППЕ Велес.
По интервенцијата пожарот бил локализиран и целосно изгаснат. Но, при гаснењето проблеми им создавал силниот ветер, што во текот на денот, дуваше во градот и околината.
Од ТППЕ Велес апелираат до граѓаните штом забележат пожар веднаш да се јават на бесплатните телефонски броеви 193 или 112.