ГОРЕШЕ ЦРВЕНИОТ ТЕПИХ ВО ВЕНЕЦИЈА Лопез и Афлек покажаа како е да се сака по втор пат (ВИДЕО)

Парот, познат кај фановите како Бенифер, одеше рака под рака пред премиерата на новиот филм на Афлек „Последниот дуел“.

1,405

Џенифер Лопез и Бен Афлек  кои во јули објавија дека се повторно во врска, вчера го имаа официјалното појавување на Венецискиот филмски фестивал и предизвикаа голем интерес .

Парот, познат кај фановите како Бенифер, одеше рака под рака пред премиерата на новиот филм на Афлек „Последниот дуел“.






Лопез носеше бел фустан од Жорж Хобеик со каскаден шлиц, додека Афлек се одлучи за класично црно смокинг со вратоврска.

 

 

Претходно истиот ден Афлек и Лопез беа фотографирани во водно такси како патуваат низ венецијанските канали до хотелот „Чиприани“.

Лопез и Афлек претходно беа верени од 2002 до 2004 година.

Поврзани содржини