Гореше Блаце! Фановите со знамиња и бакљи и ги испратија косовските фудбалери (ФОТО+ВИДЕО)

Испраќањето траеше кратко, по што косовските репрезентативци тргнаа кон Македонија, а фановите продолжија да скандираат и пеат.

824

Околку пладне на ГП Блаце, фудбалерите на Косово ја минаа границата со Македонија, а од страна на навивачката група „Дарданет“ со знамиња и бакљи тие беа испратени за натпреварот со нашиот национален тим.

Фановите кои се собираат исклучиво за средбите на националните селекции на нашиот северен сосед направија своевиден шпалир пред самиот граничен премин, со голем број косовски и албански знамиња, постојано скандирајќи и пеејќи навивачки песни. Во моментот кога пристигна автобусот со фудбалерите, навивачите запалија и неколку факели, со цел да им дадат поддршка на нивните миленици пред средбата во Скопје.






Испраќањето траеше кратко, по што косовските репрезентативци тргнаа кон Македонија, а фановите продолжија да скандираат и пеат.

Средбата помеѓу Македонија и Косово е во склоп на полуфиналето од минатото издание од Лигата на нации, односно претпоследна пречка пред евентуалниот пласман на Евро 2020 за кој сонуваат двете селекции. Натпреварот се игра утре на арената „Тодор Проески“ со почеток од 20.45 часот.

Pritje madhështore për Kombëtaren e Kosovës nga tifozët dardanë në Hanin e Elezit

Federata e Futbollit e Kosovës – Football Federation of Kosova 发布于 2020年10月7日周三

Поврзани содржини