ГОРЕШЕ АВТОБУС НА ЈСП ПОД ЖЕЛЕЗНИЧКА Возилото било паркирано и без патници во него
Директорот Кушовски рече дека биле на местото на настанот при што е констатирано дека автобусот бил паркиран и во него немало патници. Според него, најверојатно се работи за запалена инсталација.
Автобус на Јавното сообраќајно претпријатие се запали под Железничката станица во Скопје.
Според првичните информации пожарот избил во задниот дел кај моторот, по што веднаш била повикана противпожарна бригада, со што се спречило негово проширување.
Ова доаѓа по околу две недели откако автобус на ЈСП имаше сообраќајна несреќа и се качи на жарденери, а возачот обвини дека тој бил неисправен.
Директорот на ЈСП „Скопје“ Драги Кушовски за МИА потврди дека автобус на ова јавно сообраќајно претпријатие се запалил под Железничката станица и појасни дека е направен увид, но сѐ уште нема официјални податоци за причините.
Тој рече дека биле на местото на настанот при што е констатирано дека автобусот бил паркиран и во него немало патници. Според него, најверојатно се работи за запалена инсталација.