ГОРЕЛЕ РЕГИСТРИ И ШИНА ЗА КАБЕЛ ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА Пожарот е брзо изгаснат, обвинителството врши увид
Се запалиле 2-3 регистри и шина за кабел во една просторија во министерството, при што местото беше задимено, но пожарот брзо изгаснат, информирааат од Пожарната. Од Министерството потврдија дека избил пожар, но дека брзо бил угаснат со ПП апарат. Екипа од Јавното обвинителство врши увид за да се утврдат причините.
На местото пристигнало едно противпожарно возило со четворица пожарникари.
„Се запалиле 2-3 регистри и шина за кабел во една просторија во министерството, при што местото беше задимено, но пожарот брзо изгаснат“, информирааат од Пожарната.