ГОРЕЛЕ „БМВ“ И „МЕРЦЕДЕС“, ЖЕНА ВДИШАЛА ЧАД Изгаснат пожар во гаража во Хиподром

Станарите ѝ помогнале на жената која имала проблеми поради вдишување чад, а пожарот бил целосно изгаснат, се посочува во полицискиот билтен.

795

Мерцедес, БМВ и мотоцикл „Беверли“ гореле во гаража во склоп на зграда во Хиподром, а едно женско лице добило лекарска помош поради вдишување чад, информираше Министерството за внатрешни работи.

Сите три возила им припаѓале на 32-годишниот скопјанец А.С., потврдуваат од МВР. Пожарот избувнал во гаражата утринава, 14 јули, околу 04.25 часот.






„Станарите ѝ помогнале на жената која имала проблеми поради вдишување чад, а пожарот бил целосно изгаснат“, се посочува во полицискиот билтен.

Засега не е позната причината за пожарот, а истрагата продолжува.

Поврзани содржини