(ОБНОВЕНО)НЕ САКАЛ ДА ИЗЛЕЗЕ, ПОЛИЦИЈАТА ГО ИЗНЕСЛА Евакуиран и последниот станар во зградата во Штип

Врз пожарот дејствуваат 12 пожарникари со две противпожарни возила и благодарение на нивната брза интервенција, пожарот е набрзо локализиран. Причините за пожарот не се познати.

923

Евакуиран е и последниот станар во зградата во којашто вечерва изгореа два стана на улицата „Широк дол” во Штип. Командирот на Територијалната противпожарна единица од Штип, Дарко Коцев за МИА вели дека излекувањето на последниот станар е извршено со помош на полицијата, бидејќи не сакал да излезе од својот дом.

Известувачот на МИА од терен информира дека пожарникарите и полицијата уште се пред зградата. Пожарот е изгаснат и извлечени се сите станари. Струјата во зградата е исклучена. Крим полицијата треба да изврши увид, со цел да се утврдат причините за пожарот што избувна во 18:35 часот.






Пожарот избувнал во стан, во којшто немало струја. Според соседите, ова не е првпат да се пали овој стан, се сомневаат дека пожарот настанал од запалена свеќа.

Врз пожарот дејствуваа 12 пожарникари со две противпожарни возила и благодарение на нивната брза интервенција, пожарот е набрзо беше локализиран.

 

Поврзани содржини