ГОРДАНА ЈАНКУЛОСКА ИЗЛЕЗЕ ОД ЗАТВОР Ослободувањето е условно на една година

Јанкулоска беше во КПУ „Идризово“ за издржување на казната затвор од четири години откако беше осудена во предметот „Тенк“ во септември 2020 година.

529

По три години и еден месец ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска излезе од затворот „Идризово“. Излегувањето од затвор е со условен отпуст, по одлука донесена од Апелациски суд и нема да се врати ако до идниот октомври доколку не направи ново кривично дело.

При донесувањето на ваквата одлука биле земени предвид повеќе фактори – Јанкулоска е мајка на петгодишно дете, кое било лишено од мајчинска грижа и воспитување, ги почитувала правата и обврските кои произлегуваат од куќниот ред на затворот, се вклопила во домската средина во која имала максимално пријателски односи со останатите осудени лица и не манифестирала насилни и конфликтни однесувања.






Јанкулоска беше упатена во КПУ „Идризово“ за издржување на казната затвор од четири години откако беше осудена во предметот „Тенк“ во септември 2020 година.

Поврзани содржини