ГОРАТ ПРОДРУМСКИ ПРОСТОРИИ НА ЗГРАДА ВО ТЕТОВО Нема повредени, но поради густ чад станарите се евакуирани
Првичната информација е дека пожарот почнал од табла за стујомери.
Пожар рано утрото избувнал во подрумските простории во една од зградите познати како комплекс „Чешел“ на улица Борче Кочоски во Тетово, објавија тетовските медиуми.
Според првичните информации од тетовската пожарна, повеќе станари и еден пожарникар побарале медицинска помош поради чадот. Огнот не зафатил ниту еден стан. Нема настрадани.
Според изјавата на командирот на противпожарната бригада Ука Алити пожарот настанал на табла за струјомери во подрумските простории.
– Пожарот настанал на табла за струјомери во подрумските простории. Ние веднаш почнавме да интервенираме со ПП апарати. Поради тоа се појави голем чад кој се прошири низ ходниците на целата зграда и затоа се одлучивме да ги евакуираме сите станари. При тоа, наидовме и на три неподвижни лица, но сите ги извадивме надвор. Неколкумина од нив поради чадот побараа и добија помош од медицинскиот персонал кои дојдоа со амбулантски возила. Голема помош во евакуакцијата имавме од полицајците – изјави Алити.
Интервенрано е со две противпожарни возила и десет пожарникари.