ГОРАТ НИСКОСТЕБЛЕСТА ШУМА И СУВА ТРЕВА НА ПОЛИГОНОТ „КРИВОЛАК“ Вчера се изгаснати 20 пожари
Центарот за управување со кризи информира дека пожарот на границата меѓу општините Долнени и Чашка е ставен под контрола
Во текот на вчерашниот ден имаше вкупно 22 пожари на отворен простор ширум државава. Од нив, активен е еден, еден е ставен под контрола, изгаснати се 20, соопштија утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
„Активен е пожарот на територија на општина Штип, меѓу селата Едеклерци и Хаџи-Хамзали, префрлен на армискиот полигон „Криволак“. Таму горат нискостеблеста шума и сува трева, се наведува во соопштението.
Пожарот на границата меѓу општините Долнени и Чашка е ставен под контрола. Опожарена е мешана шума во овој предел.