Горан Пандев сега е рамо до рамо со Батистута, Шевченко, Меаца…
Пандев сега е во друштво со Џузепе Меаца, Франческо Тоти, Роберто Баџо, Деј Пјеро, Габриел Батистута, Златан Ибрахимовиќ, Лука Тони, Роберто Манчини, Кристијан Виери, Андреј Шевченко и многу други.
Капитенот на македонската фудбалска репрезентација и еден од најдобрите македонски фудбалери на сите времиња, Горан пандев, со голот број 100 во Серија А се запиша во листата на најсилниот италијански шампионат.
Тој е еден од вкупно 86 фудбалери кои почнувајќи од 1929 година успеале да запишат најмалку 100 голови во историјата на најсилната италијанска фудбалска лига.
Пандев сега е во друштво со Џузепе Меаца, Франческо Тоти, Роберто Баџо, Деј Пјеро, Габриел Батистута, Златан Ибрахимовиќ, Лука Тони, Роберто Манчини, Кристијан Виери, Андреј Шевченко и многу други.
Во својата кариера, Пандев еден гол постигна во дресот на Анкона, 48 за Лацио, 5 за Интер, 19 за Наполи и 27 за Џенова.