Горан Пандев прогласен за најдобар фудбалер на сезоната

Изборот го спроведе „Планета Џенова 1983“, а навивачите најголема поддршка му дадоа на Струмичанецот - 5.024 гласови.

989

Македонскиот репрезентативец Горан Пандев ја заврши сезоната во Џенова со 9 постигнати голови и тоа за него претставува рекорд ако се земат предвид последните 11 години во Серија А.

Тој имаше и неколку одлични асистенции, па токму затоа навивачите на Џенова го избраа токму него за најдобар фудбалер на сезоната.






Изборот го спроведе „Планета Џенова 1983“, а навивачите најголема поддршка му дадоа на Струмичанецот – 5.024 гласови.

На второто место е Антонио Санабрија со 3.252 гласови, а трет е Ласе Шене со 2.783 гласови.

Поврзани содржини