Горан Каран му посвети песна на девојчето што загина во земјотресот во Загреб ВИДЕО

1,024

Сплитскиот пејач Горан Каран (55) ги расплака своите обожаватели, но и бројни други со објавата на својот фејсбук-профил.

Каран напиша песна и запеа за 15-годишното девојче кое го загуби животот во земјотресот што го погоди Загреб и околината во неделата наутро. Девојчето беше извлечено од урнатините во критична состојба, лекарите се бореа за нејзиниот живот, но не можеа да го спасат.






„Има едно место каде што се скриени богатства. Има едно лице, најмило од сите. Спиј мирно, душо мала, те чувам. Под ѕвездите не си сама, те бакнувам. Еден во цвет во рајот недостасува, тоа си ти“, се стиховите што му ги посветил на девојчето.

 

Za djevojčicu iz Klaićeve bolnice…

Goran Karan, official page 发布于 2020年3月23日周一

 

Поврзани содржини