ГОРАН БРЕГОВИЌ ВРАТЕН ОД АЕРОДРОМ ВО КИШЊЕВ Не му е дозволен влез во Молдавија

„Со сите мои музичари сум на турнеја низ цела Европа и никогаш никаде немало проблем“ -  напиша Бреговиќ.

1,247

На музичарот Горан Бреговиќ не му било дозволено да влезе во Молдавија и да присуствува на музички фестивал, иако веќе слетал на аеродромот Кишинев, пишува српски „Еуроњус“.

Организаторите на музичкиот фестивал „Густар“, кој се одржува во Молдавија, на официјалната страна објавија дека на познатиот музичар не му било дозволено да влезе во земјата, иако тој веќе слетал на аеродромот во Кишинев.






Со жалење ве известуваме дека бендот „Горан Бреговиќ“ нема да може да присуствува на планираниот концерт вечерва, од причини кои се надвор од контрола на организаторите на фестивалот или на уметниците. За жал, не им беше дозволен влез во Република Молдавија, иако веќе слета на меѓународниот аеродром во Кишинев“, беше објавено на страницата.

Набрзо после споделената информација, на истата страница, својата порака ја објави и Бреговиќ, велејќи дека е разочаран и се извинува што не може да настапи на музичкиот фестивал.

Со сите мои музичари сум на турнеја низ цела Европа и никогаш никаде немало проблем. Многу ја сакам вашата земја и уживам во секоја прилика да настапувам во Молдавија, особено на ваков колоритен и уникатен фестивал. Многу ми е жал што ми беше ускратена радоста и задоволството да се појавам пред вас овој пат. Но, можам да ве уверам дека јас и мојот тим ќе се погрижиме моето следно појавување во Молдавија да помине без проблеми. Со нетрпение ги очекувам нашите следни средби. Со љубов, Горан Бреговиќ“, напишал музичарот.

Причините за ваквата одлука на надлежните сè уште не се познати.

Инаку, во февруари годинава, влез во Молдавија не беше овозможен ниту за група од 12 навивачи на тимот Партизан, со образложение дека „не можеле да ја оправдаат целта на нивното патување во Молдавија и ги немаат потребните документи во врска со тоа“.

Поврзани содржини