Горан Бреговиќ во депресија, само плаче и пие антидепресиви

3,608

Пред десетина дена објавено е дека помладата сестра на Горан Бреговиќ, Дајана Бреговиќ Мариќ починала на 61 година во Сплит. Загубата особено тешко го погоди Горан, а според пишувањата на српските медиуми, Бреговиќ паднал во депресија, само молчи и плаче.

– Горан беше исклучително поврзан со помладата сестра. Иако не живееле заедно бидејќи родителите им беа разведени, па сестрата била со татко им во Сплит, а тој кај мајка си во Сараево, тој често налето одел кај сестра си и многу ја сакал. Затоа нејзината ненадејна смрт многу го погодила – вели извор за српски Курир.






– Не знам како ќе ја преболи загубата бидејќи депресијата сѐ повеќе зема замав. Добил и антидепресиви кои ги пие за да се опорави, па неговите најблиски се надеваат дека со време ќе му биде подобро, вели изворот.

Поврзани содржини