„Google“ пушта алатка што го олеснува одржувањето на дистанца (ВИДЕО)
Името на новата експериментална алатка е „Sodar“.
Сите ние треба да се прилагодиме на новиот начин на живот со социјално дистанцирање.
„Google“ лансираше нова алатка која користи зголемена реалност (АР) и им помага на корисниците да видат колкави се ограничувањата на социјалното растојание.
Името на новата експериментална алатка е „Sodar“.
Таа го користи „WebXR“ за да разграничи радиус од два метри околу вас користејќи го екранот на телефонот.
„Sodar“ е достапен само за корисници со уреди со „Android“.
За почеток, можете да скенирате „QR“ да одите на мобилиот сајт. Може исто така и на „sodar.withgoogle.com“ и тој ќе го активира на паметниот телефон.
Потоа, само насочете го телефонот со камерата напред и пронајдете ја земјата. Потоа, треба да се појави мерниот инструмент.
Има некои контроверзии во врска со правилото за растојание од два метри. СЗО вели дека еден метар е доволен, додека британската влада засега се држи до два метра.
Sodar – use WebXR to help visualise social distancing guidelines in your environment. Using Sodar on supported mobile devices, create an augmented reality two meter radius ring around you. #hacktohelp https://t.co/Bu78QrEN9f pic.twitter.com/kufatNFDQk
— Experiments with Google (@ExpWithGoogle) May 28, 2020