Гонејќи го Сашо Мијалков, сведокот Слободан Богоевски влезе во клинч со судијата Владимир Туфегџиќ

8,207

Необичен настан се случил на последното рочиште за случајот „Таргет – Тврдина“, кој повеќето од медиумите го премолчале. Сведокот Слободан Богоевски, поранешен шеф на Службата за државна безбедност, влегол во клинч и опасно го налутил судечкиот судија Владимир Туфегџиќ.

Богоевски изјавил дека од вработените во тајната полиција дознал дека бил прислушуван, во периодот кога работел како консултант во една приватна компанија. Тој рекол дека бил и физички следен, а сето тоа било без никаква основа.






Богоевски понудил и наводни изјави од пријатели, кои биле заверени и пред нотар, дека поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, се договарал со со истражен судија за да издаде налог за следење на неговите телефонски комуникации.

Адвокатот на Мијалков приговарал на исказот на сведокот, но судечкиот судија Туфегџиќ инсистирал не само да се слушне целиот исказ, туку и да влезе во записник, за потоа да се достави до надлежен Јавен обвинител, за да се отвори нова истрага по допрен глас. Судијата побарал да се достават и нотарски заверените изјави што ги спомнал сведокот.

На изненадување на сите присутни, судијата Туфегџиќ објаснил дека тој бил истражниот судија што го спомнал Богоевски и кој божем се договарал со Мијалков. Наредбата за следење на комуникациите на Богоевски Туфегџиќ ја издал на барање на словенечките органи на прогонот, кои биле заинтересирани за тој случај.

Богоевски, кој денеска обвини дека се злоупотребувале ПИ-мерки и врз основа на незаконско следење се правеле случаи против него, беше обвинет во случајот „Агент“ за продажба на државно земјиште во непосредна близина на Спортскиот центар „Борис Трајковски“. Овој судски процес пред првостепениот суд заврши во декември 2013 година, кога ексразузнавачот доби две години затвор. „Агент“ се однесуваше на неколку кривични дела: перење пари, фалсификување исправа, употреба на исправа со невистинита содржина и злоупотреба на службената положба и овластување. Овој случај правосилно е завршен со осудителна пресуда, а штетите што ги претрпел, еден милион евра, тој ги пријави како отштетно побарување во случајот „Таргет – Тврдина“.

Ова е изјавата на Богоевски по рочиштето:

Поврзани содржини