ГОНЕЊЕТО НА КРИМИНАЛОТ ПОЧНУВА ОД ДРЖАВНИТЕ ПАТИШТА И ОД ЖЕЛЕЗНИЦАТА? Ревизорите открија индиции што ќе се истражуваат

„Ќе се истражи целата работа и сиот можен криминал. Нема да дозволиме никој да ги краде народните пари и никој не смее да биде над законите“, вели вицепремиерот Александар Николоски..

1,017

Информациите објавени во последниот извештај на Државниот завод за ревизија, во однос на направената ревизија за реализација на капиталните инвестиции во ЈП за државни патишта и во ЈП за железничка инфраструктура, би можеле да бидат индиции за неодговорно трошење буџетски средства.

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, Александар Јанев, директор на Бирото за јавна безбедност и дел од неговите соработници кои работат на предмети од областа на организираниот криминал и корупција, се состанале денеска и разговараше за индиции за сторен криминал и неодговорното трошење пари.






Овие индиции произлегоа од извештајот за реализација на капиталните инвестиции на Државниот завод за ревизија, а во следниот период ќе се разгледуваат и други предмети и активности во рамки на министерството за транспорт и институциите кои се под негова надлежност.

– Борбата со корупцијата и криминалот е главен приоритет на оваа Влада. Ќе се истражи целата работа и сиот можен криминал. Нема да дозволиме никој да ги краде народните пари и никој не смее да биде над законите – истакнал министерот Николоски по средбата.

 

Поврзани содржини