ГОЛТНАЛ КЕСИЧКА СО ДРОГА ЗА ДА НЕ МУ ЈА НАЈДЕ ПОЛИЦИЈАТА Охриѓанец синоќа итно е пренесен во болница

Полицијата соопшти дека по интервенција на докторите кесичката е земена за вештачење.

258

Охриѓанец заврши во болница откако проголта пакување со дрога кога го запрела полицијата.

Полицијата соопшти дека синоќа на крсносницата на улиците Кленоец и Железничка во Охрид, го уапсила М.Ј.(30) од Охрид и го однела во болница.






-Тој, при контрола на неговиот  патнички автомобил „рено“ со охридски регистарски ознаки, проголтал опаковка со бела прашкаста материја по што е пренесен во Општата болница во Охрид. По преземени неопходни медицински мерки, опаковката е обезбедена по што ќе следи вештачење – информира полицијата.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани содржини