ГОЛОТИЈА ВО ЖИВО НА РТС Докторката зборувала за вакцините, медицинската сестра се соблекла пред камерата (ВИДЕО)
Во текот на преносот на Дневникот во живо на српската телевизија РТС, во кој гостувала директорката на Клиничкио болнички центар „Бежанијска коса“, Марија Здравковиќ, нејзината колешка не знаејќи дека камерата снима, ја соблекла својата кошула, пишуваат српските медиуми.
Имено, додека докторката зборувала за значењето на вакцинацијата и коронавирусот, зад неа една медицинска сестра ја соблекла својата униформа, не ни помислувајќи дека камерата ќе ја сними.
Во програмата во живо гледачите имале прилика да го видат деколтето на медицинската сестра која очигледно не сфатила дека Србија ја гледа.
Видеото со брзина на светлината се прошири на социјалните мрежи, а коментарите започнале да се нижат:
„А, јас го зголемувам тонот да слушнам за што зборува…“, „Ваше право да видите сè“, „Убаво раскомоти се…“, се дел од коментарите на социјалните мрежи.
Rts dnevnik u podne, tema vakcinacija 😳😅🤣 pic.twitter.com/5mu4kQwhXX
— Anastasija (@Anastas10872080) August 31, 2021
ФОТО: Твитер