Голманот на Рома закачи корона

Сега сум во изолација, немав контакти со соиграчите. Ви благодарам за поддршката - изјавил Миранте.

202

Во пресрет на подготовките за новата сезона, големи проблеми ѝ се отворија на „волчицата“. Имено, голманот на Рома, искусниот Антонио Миранте, објави дека е позитивен на коронавирусот.

Како што објавија италијанските медиуми, Миранте се тестирал и резултатите покажале дека е позитивен на ковид-19, но и покрај тоа што не чувствува никакви симптоми, тој ќе мора да оди во самоизолација.






Сепак, добрата вест е тоа што Миранте немал никаков контакт со ниту еден соиграч, па се претпоставува дека Рома наскоро ќе ги започне подготовките за септемврискиот старт на новата сезона во Серија А.

– Позитивен сум на ковид-19, но сакам да ви соопштам дека добро се чувствувам и дека немам никакви симптоми. Сега сум во изолација, немав контакти со соиграчите. Ви благодарам за поддршката – изјавил Миранте.

Поврзани содржини