ГОЛМАНОТ НА ПСЖ ОЛЕСНЕТ ЗА 500.000 ЕВРА Крадците ги врзале, соблекле и ограбиле Донарума и неговата сопруга
Според полициски извори, штетата во моментов се проценува на половина милион евра во „пари, часовници, накит и луксузна кожна галантарија“, сторителите моментално се во бегство.
Голманот на италијанската фудбалска репрезентација и францускиот првак Пари Сен Жермен, Џанлуиџи Донарума и неговата партнерка биле ограбени во нивниот дом во Париз ноќта меѓу четвртокот кон петокот, пренесе Би-Би-Си.
Донарума бил „лесно повреден“ за време на грабежот, додека неговата партнерка, за среќа, не била повредена. Разбојниците го соблекле гол Донарума и ја врзале двојката, а исто така им се заканувале со оружје во апартманот, но други детали засега не се познати.
Според полициски извори, штетата во моментов се проценува на половина милион евра во „пари, часовници, накит и луксузна кожна галантарија“, сторителите моментално се во бегство.
Според порталот Act17, полицијата била повикана од персоналот во блискиот хотел каде двојката се засолнила по грабежот околу 3 часот наутро, откако се ослободиле од јажињата со кои биле врзани. Италијанскиот голман и неговата девојка по нападот биле префрлени во болница во состојба на шок.
– Отворена е истрага поради вооружен грабеж организиран од банда и сериозно насилство, по настаните што се случија во текот на ноќта во куќата на Донарума – изјави портпаролот на париското обвинителство.
Донарума е последниот во низата играчи на ПСЖ кои беа жртви на провални кражби во последниве години, вклучувајќи ги Пренел Кимпембе, Маркињос, Тиаго Силва, Анхел Ди Марија, Дани Алвеш, Ерик Максим Чупо-Мотинг, Серхио Рико и Мауро Икарди.