Голманот на Аталанта е позитивен на коронавирусот

Натпреварот се играше на стадионот „Сан Сиро“ во Милано, а околу 44.000 фанови од Бергамо пристигнаа на тој стадион за да го поддржат својот клуб.

283

Голманот на калчолигашот Аталанта, Марко Спортиело, е првиот фудбалер од овој клуб кој е позитивен на коронавирусот, објавија италијанските медиуми.

Може да се каже дека градот Бергамо е едно од жариштата во Италија, бидејќи само таму има илјадници починати од Ковид-19, а како што пишуваат италијанските новинари, голема е веројатноста Спортиело да го префатил вирусот за време на напреварот од осминафиналето од Лигата на Шампионите помеѓу Аталанта и Валенсија.






Натпреварот се играше на стадионот „Сан Сиро“ во Милано, а околу 44.000 фанови од Бергамо пристигнаа на тој стадион за да го поддржат својот клуб.

Поврзани содржини