ГОЛЕМО МУЗИЧКО ВРАЌАЊЕ Бритни Спирс и Елтон Џон го објавија својот дует (ВИДЕО)

Двајцата пејачи ги здружија сили и ја објавија песната „Hold Me Closer“ - новата преработка на неговата песна „Tiny Dancer“ од 1971 година.

217

Поп-принцезата Бритни Спирс и музичката икона Елтон Џон ја објавија песната „Hold Me Closer“ – новата преработка на неговата песна „Tiny Dancer“ од 1971 година.

„Прилично е ‘кул’ што пеев со еден од најтренди мажите на нашето време… Ова е голема работа за мене!!!“, напиша Бритни на Твитер.






За Бритни Спирс ова е големо враќање, и тоа, по шест години вон сцената. Последната нејзина песна под назив „Slumber Party“ таа ја објави 2016 година.

Џон неделава ја изведе песната и пред публика, во ресторан на југот на Франција.

– Апсолутно сум воодушевен што имав можност да работам со Бритни Спирс. Таа навистина и икона – една од најголемите поп-ѕвезди на сите времиња и звучи неверојатно во оваа песна. Ја сакам многу и сум воодушевен од она што го создадовме заедно – истакна Елтон Џон.

Списанието „Ролинг стоун“ ја вклучи оригиналната песна на Елтон меѓу 500-те најдобри песни на сите времиња, и тоа – на 47-то место.

Поврзани содржини