ГОЛЕМО АПСЕЊЕ ВО ВАЛОНА Приведени двајца од напаѓачите врз албанската Топ чанел

Првичните информации говорат дека истрагата ќе се однесува на обвинението за „убиство во квалификациски околности“ на штета на Пал Кола вработен од обезбедувањето.

391

Две лица се приведени од полицијата како осомничени сторители, поврзани со нападот со огнено оружје во зградата на телевизијата Топ-чанел каде загина еден вработен од обезбедувањето.

Според албанските медиуми луѓето се по потекло од Скадар и се уапсени во Валона.






Истрагите за осомничените лица кои се вмешани во настанот продолжуваат.

Вработените кои биле присутни во зградата во моментот на тешкиот инцидент се сослушани оти истражителите ги сметаат за сведоци.

Првичните информации говорат дека истрагата ќе се однесува на обвинението за „убиство во квалификациски околности“ на штета на Пал Кола вработен од обезбедувањето.

 

Адвокатката Ардита Соколи за Albanian Post објаснува дека една од причините зошто можеби е одлучена истрагата по ова обвинение е затоа што сторителите „ги загрозиле животите на многу луѓе“.

Според неа, ова обвинение е казниво со затвор најмалку дваесет години или доживотен затвор.

Во нападот пукано е најверојатно со калашников, а другите куршуми кон зградата на Топ чанел (вкупно 25), освен што ја оштетиле главната фасада на телевизијата, ги загрозиле животите и на другите вработени.

ВООРУЖЕНИ ДО ЗАБИ ПУКАЛЕ КОН ТЕЛЕВИЗИЈАТА Убиен е вработен во албанската Топ чанел

Поврзани содржини