Големо апсење во Србија – продавале лажни документи и тестови за ковид-19 по цена од 800 евра
Осомничените за изработка на документи наплатувале од 100 до 800 евра.
Шест лица по налог на Обвинителството за организиран криминал во Србија се уапсени поради сомнеж дека се здружиле во криминална група и фалсификувале лични документи, како и ПЦР тестови.
„По налог на Обвинителството после неколкумесечна предистражна постапка спроведена во соработка со Одделението за сузбивање организиран и финансиски криминал СБПОК МУП на Република Србија од слобода се лишени шест лица поради извршување кривични дела, односно фалсификување исправи“ соопштиле од Обвинителството.
Како што наведуваат, постојат сомнежи дека оваа организирана група на територијата на Србија работела во периодот од јануари годинава и дека лажирала јавни исправи, изработувала фалсификувани лични документи, како и десетици лажни резултати од ПЦР тестови на ковид-19.
Осомничените за изработка на документи наплатувале од 100 до 800 евра.