📷 ГОЛЕМИОТ КИНЕСКИ ЅИД ИМ СЕ НАШОЛ НА ПАТОТ! Работници ископале дупка во ѕидот за да помине багер

Надлежните власти велат дека несовесните работници предизвикале неповратна штета на интегритетот на Кинескиот ѕид Минг и безбедноста на културните споменици.

1,218

Градежните работници со багер оштетите дел од Кинескиот ѕид во провинцијата Шанкси откако се обиделе по пократок пат да стигнат до локацијата, па решиле да ископаат дупка во ѕидот. Полицијата наведува дека привела двајца осомничени работници и дека е отворена истрага за инцидентот.

Во близина на познатиот споменик работеле 38-годишен маж и 55-годишна жена и ископале премин, односно ја прошириле постоечката дупка на Кинескиот ѕид за да може да помине багер. Властите велат дека предизвикале неповратна штета на интегритетот на Кинескиот ѕид Минг и безбедноста на културните споменици, пишува Би-Би-Си.






Сместен во областа Јују, 32-от Голем ѕид е дел од Кинескиот ѕид на династијата Минг и е заштитен културен споменик. Кинескиот ѕид, кој е под заштита на УНЕСКО од 1987 година, континуирано се градел и обновувал од околу 220 п.н.е. до династијата Минг во 17 век кога станал најголемата воена градба во светот.

Голем дел од она што посетителите го гледаат денес е изградено за време на династијата Минг. Некои делови од ѕидот се оштетени или урнати со текот на годините, особено во оддалечените рурални области.

Во 2016 година, Пекинг Тајмс истакна дека повеќе од 30% од Кинескиот ѕид Минг целосно исчезнал, а само 8% се сметаат за добро сочувани.

Поврзани содржини