ГОЛЕМИ ЗАБИ, НИСКО ЧЕЛО, КРАТКИ НОЗЕ Како изгледале луѓето што живееле пред нас? (ФОТО)

Замислете го целиот опсег на големини и форми на телото на модерните луѓе и замислете да се обидете да го рекреирате користејќи ги скелетите на само неколку случајно откриени коски на поединци. Истражувачите откриле фосили од околу 6.000 хоминини, а само неколкумина им дале генетски докази.

1,480

Толку сме навикнати на идејата дека ние сме единствените луѓе на Земјата што е чудно да се мисли дека, не толку одамна, во нашата еволутивна историја, во различни области, живееле неколку видови луѓе.

Животната средина за време на палеолитот или каменото време била динамична. Како што археолошката методологија и достапната технологија стануваат пософистицирани, така и ние сме во состојба да ги „видиме“ животите од различни периоди во сѐ повеќе нијанси.






Колку различни видови на луѓе постоеле? Тоа е големо прашање, а антрополозите сѐ уште не го пронашле одговорот.

Најголемиот проблем е тоа што има многу малку примероци на кои антрополозите би можеле да работат. Замислете го целиот опсег на големини и форми на телото на модерните луѓе и замислете да се обидете да го рекреирате користејќи ги скелетите на само неколку, случајно откриени коски на поединци. Истражувачите откриле фосили од околу 6.000 хоминини, а само неколкумина им дале генетски докази.

Истражувачите често, базирани само на черепот или коските на прстот, се обидуваат да откријат во кој тип припаѓал скелетот. Работата е тешка и често оспорувана, пишува српското „Нејшнел географик“.

Ова се петте хоминини, кои придонеле за приказната за човечката еволуција, со кои можеби сте помалку запознаени:

1. Хомо-рудолфенсис

Единствениот примерок за овој вид, череп кој датира од пред околу 1,9 милиони години од местото на Куба Фора во денешна Кенија, првично му се припишува на видот Хомохабилис, најраниот познат припадник на човечката раса.

Сепак, имало неколку проблеми со тој заклучок. Прво, черепот бил доста голем, другите постоечки примероци од Хомохабилис, имале мозок од околу 500 кубни сантиметри, додека Хоморудолфенсис имал череп во кој биле сместени околу 700 кубни сантиметри мозок. Примерокот Хоморудолфенсис, исто така, имал поголеми заби и помало испакнување на челото од другите черепи на Хомохабилис.

Антрополозите конечно заклучиле дека варијациите во врстата, земајќи ги предвид можните разлики помеѓу маж и жена, најверојатно нема да ги објаснат овие физички разлики, па Хоморудолфенсис бил назначен за посебен вид во 1986 година.

Фото: Википедија

2. Хомо-антецесор

Пештерата Гран Долина во Атапуерка во Шпанија, е голем археолошки локалитет, со наслаги кои датираат повеќе од половина милион години.

Најстарата од овие зони датира од пред околу 780.000 години и вклучува остатоци од група хоминини кои во 1997 се наречени Хомоантецесор.

За овој вид често се вели дека има мешавина од модерни и „примитивни“ карактеристики – некои карактеристиките се слични на оние на Неандерталците и Денисованите, додека други се повеќе како Хомосапиенс. Една неодамнешна студија за антички протеини извлечени од забниот слој на еден од фосилите од Атапуерка потврди дека Хомоантецесор е „сестринска лоза“ на модерните луѓе, неандерталците и денисовјаните. Сите овие популации имаат близок заеднички предок.

3. Хомо-флоресиенсис

Единствените познати фосили на Хомофлоресиенсис потекнуваат од пештерата Лианг Буа, на индонезискиот остров Флорес. Антрополозите исто така сакаат да ги нарекуваат „хобити“ поради нивниот низок раст, кој бил нешто повеќе од еден метар.

Имале и мал мозок (околу 400 кубни сантиметри), но ловеле плен и правеле алатки многу слични на оние што ги направил Хомоеректус, вид со многу поголем мозок.

Можно објаснување за малиот раст е феноменот познат како „островско џуџе“.

Во средини со ограничени ресурси – како остров опкружен со отворен океан – видовите се развиваат кон помала телесна маса и помал мозок. Видот пигмејски слон (кој е сега изумрен), на пример, кој некогаш го делел островот Флорес со Хомо флоресиенсис е пример за истиот процес.

Фото: Википедија

4. Хомо-лузоненсис

Оваа популација живеела на островот Лузон на Филипините пред околу 50.000-60.000 години. Овој вид е претставен со само 13 коски – заби, прсти и нозе и бедрената коска. Сите овие коски припаѓале на најмалку три различни луѓе.

Во 2019 година, антрополозите откриле дека овие коски се доволно различни од видовите како што се Хомоеректус и Хомофлоресиенсис, за да оправдаат нова категорија меѓу видовите. Коските на прстите се особено интересни бидејќи се малку закривени, што е карактеристика на видови кои живеат на дрвја. Ова сугерира дека за Хомолузоненсис, живеењето на дрвјата бил дел од нивниот секојдневен живот.

Фото: Википедија

5. Хомо-лонги (Човек-змеј)

Најновите видови на хоминини потекнуваат од Кина, каде што черепот, кој го доби прекарот „Човек-змеј“, бил официјално претставен во јуни. Черепот за првпат бил откриен во 1930-тите, но неодамна пристигнал за научна анализа. Черепот датира од пред околу 146.000 години.

Очните дупки биле големи и квадратни, катниците многу поголеми од денешните, модерни, а фронталната коска масивна. Сепак, големината на мозокот може да се спореди со големината на мозокот кај современиот човек.

Фото: Википедија
Поврзани содржини