ГОЛЕМИ КОЛОНИ И ЦЕЛОДНЕВЕН ХАОС НА ЕВЗОНИ Тракторите се тргнаа, сообраќајот конечно нормализиран од 21 часот

По повеќе од десет часа блокада поради штрајкот на грчките земјоделци, сообраќајот на Богородица е нормализиран, но големи задржувања се префрлија на Дојран.

0

Сообраќајот на граничниот премин Богородица (ГП Евзони) е целосно нормализиран од 21 часот, информираат од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ). Претходно, овој премин беше во целосна блокада, и за влез и за излез од земјава, поради штрајк на земјоделците во Грција.

Од раните утрински часови се создадоа големи колони, а возила со часови чекаа на граничниот премин Дојран, кој беше единствената слободна алтернатива за влез во државата. Иако таму сообраќајот се одвиваше непречено, од АМСМ информираа дека имало значителни доцнења поради зголемениот интензитет на возила.






Според информациите, блокадата на Евзони започнала околу 11 часот и траела до вечерните часови, кога грчките земјоделци ја прекинаа протестната активност. Се очекува сообраќајот и во текот на ноќта да се одвива без поголеми проблеми.

Од АМСМ апелираат граѓаните да планираат патувања со внимателност и да ги следат информациите за можни нови застои.

Поврзани содржини