ГОЛЕМИ ИЗНЕНАДУВАЊА МЕЃУ НОМИНИРАНИТЕ ЗА НАГРАДИТЕ ЕМИ Харисон Форд ја доби првата номинација на 83 години и 15-годишниот актер од „Адолесценција“

Неочекувано, тие влегоа во историјата на доделување на ова важно признание.

571

Американската академија за телевизиските уметности и науки ја објави листата на номинирани за 77-то доделување на престижните награди Еми, кои ќе бидат доделени на церемонијата на 14 септември.

Серијата „Severance“ има дури 27 номинации, што ја прави рекордер оваа година во категоријата драмски серии. Меѓу комичните серии, серијата „The Studio“ привлече големо внимание, која освои 23 номинации.






Оваа година имаше многу изненадувања кога станува збор за номинираните актери, а некои од нив неочекувано влегоа во историјата.

Холивудската ветеранка Кети Бејтс (77) влезе во телевизиската историја станувајќи најстарата актерка што некогаш била номинирана за Еми во категоријата најдобра главна актерка во драмска серија. Таа ја заслужи номинацијата за главната улога во серијата „Matlock“.

Харисон Форд (83) првпат во кариерата е номиниран за Еми благодарение на серијата „Shrinking“. Ова е првата телевизиска улога на легендарниот актер.

Тука е и Мартин Скорсезе, кој ја доби својата прва номинација за глума за најдобар гостувачки актер во серијата „Студиото“.

Најголемото изненадување е секако Овен Купер, кој има само 15 години и кој го освои светот со својата маестрална улога во серијата „Адолесценција“. Тој е најмладиот актер досега номиниран за оваа престижна награда.

Доколку победи, ќе стане најмладиот машки добитник на наградата во категоријата глума во историјата.

 

 

Поврзани содржини