ГОЛЕМИ ГУЖВИ НА ГРАНИЦИТЕ На „Табановце“ се чека и до 30 минути, редици возила и на „Богородица“

Најголеми гужви се бележат на Табановце и Богородица, каде што возачите чекаат до половина час за премин, додека на останатите граници сообраќајот се одвива нормално.

525

Регионалниот пат Македонски Брод – Скопје и натаму е затворен за сообраќај поради големиот пожар во Националниот парк „Јасен“, информираат од АМСМ.

Од таму додаваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, но интензитетот на движење надвор од градските средини е зголемен. Поради летниот период и заминувањата на одмор, се бележат поголеми колони возила на граничните премини. На ГП „Табановце“ времето на чекање за влез во државата изнесува околу 30 минути, а на ГП „Богородица“ при излез се чека околу 20 минути. На останатите гранични премини не се евидентирани подолги задржувања.






АМСМ апелира до возачите да ја приспособат брзината на условите на патот, да ја почитуваат поставената сигнализација и да управуваат внимателно, особено на делниците низ котлините, речните долини и клисурите каде што постои можност за одрони. Ова се однесува на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 1 јули до 31 август на државните патишта е во сила летниот режим на сообраќај, со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони за време на викендите и во денови со екстремно високи температури.

 

Поврзани содржини