ГОЛЕМАТА ИЗЛЕЗНОСТ ПОКАЖУВА ДЕКА ПРОМЕНИТЕ ДОАЃААТ Таравари очекува победа на коалицијата „Вреди“
Сега промените веќе се во кутиите кои веќе се отвораат. Се надевам дека нашите комисионери, нашите набљудувачи ќе ги контролираат и нема да дозволат да има злоупотреби и да се гарантира дека секој глас што е даден на демократски начин ќе излезе на површина, изјави Арбен Таравари.
Арбен Таравари, претседателски кандидат на албанската опозициска коалиција „Вреди“ на првата прес-конференција по затворањето на гласачките места соопшти дека на овие избори има поголема излезност отколку на претходните избори, што, според него, зборува дека промените доаѓаат.
– Како „Вреди“ сме пресреќни дека добивме гласови генерално од Албанците. Сега промените веќе се во кутиите кои веќе се отвораат. Се надевам дека нашите комисионери, нашите набљудувачи ќе ги контролираат и нема да дозволат да има злоупотреби и да се гарантира дека секој глас што е даден на демократски начин ќе излезе на површина. Гласот на граѓанинот никако не треба да се злоупотребува – рече Таравари.
На 8 мај очекува победа на коалицијата „Вреди“ и доаѓање на промената со одењето на ДУИ во опозиција.