ГОЛЕМАТА ЦЕЛ Е ПОРАЗ НА СДСМ Мицкоски порача мора да се казнат погрешните политики
Секој ден со СДСМ и ДУИ на власт сме поблиску до последниот ден на нашата татковина, или ќе се бориме и ќе победиме или ќе ја нема Македонија. Не има и уште повеќе ќе не гледаат секаде, борба во парлментот, протести на улици, борба во институциите, борва против криминалот, борва да ја вратиме надежта - рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
На вечерашниот митинг пред Владата, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски најави дека промени мора да има и дека процесот ќе заврши со смена на оваа власт.
– Големата цел е пораз на СДСМ и казна за погрешните политики на оваа разуздана, криминална и предавничка власт – рече Мицкоски.
– И за премиерот кој се смее дека оваа преубава земја била Западна Бугарија! И тој нека знае дека ова парче земја била и ќе остане нашата мајка Македонија. Народот сака да се избори за својата Македонија, јас сум тука зашто ќе се бориме. Другиот избор е Македонија повеќе да не постои. Секој ден со СДСМ и ДУИ на власт сме поблиску до последниот ден на нашата татковина, или ќе се бориме и ќе победиме или ќе ја нема Македонија. Не има и уште повеќе ќе не гледаат секаде, борба во парлментот, протести на улици, борба во институциите, борва против криминалот, борва да ја вратиме надежта – рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Што по митингот, рече Мицкоски дека е прашањето кое му се поставува и дали ќе падне Владата?
– Нема да биде брзо, но сигурен сум дека скоро ќе се случи. На локалните избори ветив борба и таа борба донесе победа. Ви ветувам борба и дека ова ќе биде голем историски триумф на народот против корумпираните политичари – рече Мицкоски.
Додаде дека состојбата е неподнослива во Македонија. Во овој момент Македонија е рекордер во Европа по криминал, најслаб раст на економијата и најнизок стандард со најголема стапка на инфлација. Можеби кризата е увезена но автентична е неспособноста на кадарот на СДСМ, додаде Мицкоски.