ГOЛЕМА ТРАГЕДИЈА ВО СЕМЕЈСТВОТО НА ПОЗНАТИОТ КОМИЧАР Ќерката на Мартин Шорт е пронајдена мртва

Ќерката на Мартин Шорт, Кетрин, почина од самоубиство во нејзиниот дом во Лос Анџелес, на 42-годишна возраст.

112

Актерот и комичар Мартин Шорт се соочува со голема лична загуба откако неговата ќерка Кетрин Шорт (42) е пронајдена без знаци на живот во нејзиниот дом во Лос Анџелес, пишува Дејли Меил.
Според странските медиуми, Кетрин наводно починала од самонанесена прострелна рана. Полицијата во Лос Анџелес интервенирала во нејзиниот дом во Холивуд Хилс во понеделник кратко по 18 часот и ја пронашла без знаци на живот.

Портпаролот на противпожарната служба на Лос Анџелес потврдил за Дејли Меил дека пристигнале на адресата во 18:41 часот, но поради заштита на приватноста, не можеле да го потврдат идентитетот на лицето.






Претставници на 75-годишната легенда на комедијата ја потврдија тажната вест за странските медиуми.

– Со длабока тага ја потврдуваме смртта на Кетрин Хартли Шорт. Семејството Шорт е скршено од оваа загуба и бара приватност во ова тешко време. Катерина беше сакана од сите и ќе биде запаметена по светлината и радоста што ја донесе во животите на другите – изјавиле тие.

Познатиот актер и комичар ги посвои Катерина и нејзините браќа Оливер и Хенри со неговата покојна сопруга Ненси Долман со која беа во брак три децении, до 2010-та кога Ненси почина по битка со ракот.

Поврзани содржини