ГОЛЕМА ТАГА ВО СКОПСКАТА ЗООЛОШКА Утрово угина 12-годишната жирафа Каспер
Жирафата Каспер имаше 12 години, а во Скопје ЗОО беше жител од 2012 година. Скршени се срцата на сите вработени, бидејќи Каспер беше наш омилен, велат од Зоолошката градина.
Во скопската Зоолошка градина угина жирафата Каспер, која веќе неколку месеци не била во добра здравствена состојба.
Вработените со неверување ја добиле веста, а од зоолошката градина најавија дека по завршувањето на обдукцијата јавно ќе биде објавена причината за смртта на Каспер.
„Со голема тага, неверување и скршени срца, ве известуваме дека нашиот Каспер утрово ненадејно не напушти. Жирафата Каспер имаше 12 години, а во Скопје ЗОО беше жител од 2012 година. Скршени се срцата на сите вработени, бидејќи Каспер беше наш омилен. Јавно ќе биде соопштено што е причината за смртта, откако ќе ги добиеме официјалните резултати од обдукцијата која беше извршена утрово од страна на Ветеринарниот факултет. Никогаш заборавен и непреболен, наш Каспер, трчај на небесната савана“, стои во објавата на фејсбук страната на ЗОО Скопје.
Ова е втора жирафа која угина, а сега Зоолошката останува само со една жирафа, односно Флопи, која исто така има 12 години. Во јануари 2021 година во Зоолошката угина жирафата Тобого, претходно пред неколку години угина и Орка која според обдикциониот наод умрела од бронхитис и воспаление на цревата.