📽 ГОЛЕМА РАЦИЈА ВО ПОВЕЌЕ ГЕРМАНСКИ ГРАДОВИ Се гонат исламистички здруженија за наводна врска со Хезболах

За клучно се смета здружението „Исламски центар Хамбург“, за кое се смета дека е пропагандна алатка на Иран во Германија и дека извршува дејства во координација со либанската група Хезболах.

224

Стотици полицајци во повеќе градови низ Германија упаднаа во  повеќе од 50 простории на исламисти за кои се смета дека се поврзани со терористичката група Хезболах од Либан, која е забранета во земјата. Центарот на рацијата е во Хамбург. Полицијата се надева да заплени материјли од исламистичките здруженија за да има докази за нивна забрана, пишува германски Велт.

За клучно се смета здружението „Исламски центар Хамбург“, за кое се смета дека е пропагандна алатка на Иран во Германија.

 






„Здружението е осомничено дека постапиле против уставниот поредок и против идејата за меѓународно разбирање“, се наведува во соопштението на Сојузното Министерство за надворешни работи.

Германската министерка за внатрешни работи, Ненси Фезер (СПД) рече дека исламистичката сцена сега е на мета. Министерството за внатрешни работи соопшти дека здружението „Исламски центар Хамбург“ го нарушува уставниот поредок на Германија.

 

 

Поврзани содржини