📷 ГОЛЕМА ПРОСЛАВА ВО ДОМОТ НА ОГЊЕН АМИЏИЌ Гордиот водител сподели убава вест, се огласи и Мина
Гордиот татко се огласи на Инстаграм за да објави заедничка фотографија од нивниот одмор, а заедно со неа напиша убави зборови.
Синот на српскиот водител Огњен Амиџиќ и неговата поранешна сопруга, манекенката Данијела Димитровска денеска слави роденден.
Гордиот татко на Инстаграм објави нивна заедничка фотографија од одморот и напиша:
„Матија, среќен ти роденден. Биди џин, а нека светот остане мал“, напишал Огњен, а потоа се огласила и неговата сегашна сопруга Мина.
– Мато, постар брат, те сакаме! Среќен ти прекрасен ден“, напишала Мина на споменатата фотографија.
Името на наследникот на водителот и неговата сопруга Мина не престанува да ја интригира јавноста.
Кога објавија дека синот ќе го крстат Перун, по старословенскиот бог на громот и небото, се појавија бројни реакции.
– Ми е гајле што мислите за името што го избрав за моето дете. Генерално, не ми е гајле што мислите за ништо. Сакам да слушам мислење само кога го барам. Одржувајте лична хигиена и бидете добри – изјави тогаш Мина.