ГОЛЕМА ПРОМЕНА ВО ЖИВОТОТ НА ПОРАНЕШНИОТ СОПРУГ НА ЏЕНИФЕР АНИСТОН Во шестата деценија стана татко со 23 години помладата сопруга
По објавата на веста за бебето, Џенифер Анистон реагираше со суптилна поддршка и беше меѓу многуте познати личности кои ја „лајкнаа“ објавата на Инстаграм профилите на Џастин Теру и неговата сопруга Никол Брајдон Блум.
Познатиот актер Џастин Теру (54) и неговата сопруга Никол Брајдон Блум станаа родители, а Никол ја сподели веста за бебето со црно-бела фотографија од Џастин како го држи нивното мало момче во раце.
Иако сè уште го чуваат во тајност името на бебето, гордата мајка кусо напиша: „Тој е тука, толку сме вљубени“.
Можеби ќе ве интересира
View this post on Instagram
Никол неодамна откри еден сладок детаљ во едно интервју за тоа како реагирал Џастин кога дознал дека ќе стане татко. Неговата реакција, вели таа, била „филмска“ – тој бил во целосен шок и постојано прашувал „како?!“, на што таа се пошегувала дека тоа е „тимска работа“.
Иако бременоста не била строго планирана, двајцата го дочекале ова ново поглавје со големо возбудување.
Секако, оваа вест привлекува дополнително внимание бидејќи Теру беше во јавноста со години поради бракот со Џенифер Анистон. Иако се разделија во 2017 година, тие останаа неверојатно блиски, што е реткост во Холивуд.
Често се појавуваа заедно на вечери, си честитаа родендени на социјалните мрежи, а Џастин секогаш нагласуваше дека Џенифер е сè уште една од најважните личности во неговиот живот.
И сега, по објавата на веста за бебето, Џенифер Анистон реагираше со суптилна поддршка и беше меѓу многуте познати личности кои ја „лајкнаа“ објавата.