ГОЛЕМА ПРОМЕНА ВО ГЕРМАНИЈА ШТО ГИ ЗАСЕГА И МАКЕДОНЦИТЕ Поништен е законот за стекнување државјанство
Во 2024 година, 300.000 луѓе беа натурализирани. За да добие германски пасош, кандидатот мора добро да го владее германскиот јазик, да работи доброволно или професионално или да постигне одреден академски успех.
Германскиот парламент денес ја поништи забрзаната програма за државјанство, пренесуваат германските медиуми.
Досега, оваа програма значеше дека „добро интегрираните лица“ можеа да добијат германско државјанство за три години, наместо за претходните пет.
Како што објасни германскиот министер за внатрешни работи Александар Добринт, германски пасош треба да се добие како награда за добра интеграција во германското општество, а не како поттик да се напушти матичната земја за да се оди во Германија за пасош. Владата на германскиот канцелар Фридрих Мерц го најави овој потег за време на изборната кампања.
Во тоа време, конзервативците исто така најавија укинување на двојното државјанство и скратување на периодот на чекање од осум на пет години. Сепак, ова засега останува на сила.