Околу 70.000 Македонци може да се вакцинираат во Бугарија?
Во текот на вчерашниот ден во Бугарија беше пуштена интернет страницата преку која може граѓаните да си закажат вакцинација против коронавирусот, а оваа можност најверојатно ќе биде достапна и за околу 70.000 Македонци кои имаат бугарски документи.
Откако Македонците беа најбројни странци кои се вакцинираа во Србија, сега тие се „закануваат“ да бидат најбројни и во Бугарија.
Во текот на вчерашниот ден во Бугарија беше пуштена интернет страница преку која може граѓаните да си закажат вакцинација против коронавирусот, а оваа можност најверојатно ќе биде достапна и за околу 70.000 Македонци кои имаат бугарски документи.
Бидејќи електронското пријавување во Бугарија започна вчера, сѐ уште нема информации дали некои Македонци кои имаат двојно државјанство успеале да се пријават за вакцинација кај нашиот источен сосед.
Инаку, според информациите кои ги имаме, процедурата за пријавување е многу едноставна и се врши преку интернет странта https://www.his.bg/bg/reservation. Регистрацијата се одвива во четири чекори, во првиот заинтересираните лица треба да ги пополнат личните податоци, име, презиме, фамилијарно презиме, потоа следи тип на идентификација или ЕГН (единствен број на граѓанинот), датумот на раѓање, бројот на личната карта, датум на издавање и од која единица на МВР е издадена. Исто така треба да се избере и начинот како сакате да бидете известени, по е-пошта или преку СМС.
Потоа се преминува на вториот чекор, а тоа е избор на вакцина. Исто така, постои опција дека немате специфични преференци. Третиот чекор во регистрацијата е избор на центар за вакцинација, а четвртиот чекор е да се одреди посакуваното време за администрација на вакцината, со опциите поставени за десет минути.
Според информациите, 24 часа пред времето на вакцинација, ќе добиете потсетување на начинот на кој сте го одбрале местото и времето во кое мора да се појавите. Системот ќе работи една недела понапред. Сите луѓе кои ја примиле првата доза од која било од трите вакцини ќе бидат официјално регистрирани во системот.
По електронски пат поставивме прашање до Министерството за здравство на Бугарија, дали македонските државјани кои имаат бугарски документи може да се пријават во регистерот за вакцинација, оттаму ни го одговорија следното:
– Вакцинацијата против ковид-19 во Бугарија е опционална и бесплатна за сите бугарски граѓани. Се изведува во 384 точки за имунизација утврдени со наредба на министерот за здравство низ целата земја и од општите лекари – велат за Плусинфо од Министерството за здравство на Бугарија.
Оттаму додаваат дека детални информации за резервирање термин за вакцинација против ковид-19 во точките за имунизација може да се најдат на линкот – https://www.mh.government.bg/bg/novini/aktualno/ot-dnes-4-mart-raboti -elektronniyat-registr-v-kojt.