Голема полициска акција во Грчец и во Гази Баба, уапсени се дваесетина лица
Од МВР највуваат повеќе детали откако ќе заврши акцијата, а како што објавија некои медиуми, специјалните единици уапсиле дваесетина лица поради трговија со дрога.
Во тек е полициска акција во Грчец и Гази Баба, потврдија за Плусинфо од Министерството за внатрешни работи.
Акцијата ја води Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Скопје во координација со МВР.
Неофицијално, според извори од истрагата е спроведено апсење на организирана криминална група за трговија со дрога во Грчец, Гази Баба, Чаир и Синѓелиќ. Приведени се 21 лице, при што е пронајдена и запленета дрога, пари, автомобили, мобилни телефони. Лицата во моментов се во станица и подоцна ќе бидат предадени на обвинител и изнесени пред суд.