ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО ГЕВГЕЛИЈА Фудбалери, тренер и раководители осомничени за местење натпревар
По барање на Министерството за внатрешни работи (МВР), Јавното обвинителство издало наредби за претрес, при што биле прибрани материјални докази за вмешаноста на седум лица.
Полицијата утрово спроведе акција на повеќе локации низ Гевгелија, таргетирајќи лица осомничени за местење натпревар од Втората лига помеѓу „Кожув“ и „Башкими“, неофицијално дознава Плусинфо.
Според извори блиски до истрагата, меѓу инволвираните се фудбалери, тренер и лица од раководството на двата клуба.
По барање на Министерството за внатрешни работи (МВР), Јавното обвинителство издало наредби за претрес, при што биле прибрани материјални докази за вмешаноста на седум лица.
Ова е прв регистриран случај од ваков тип што се расчистува, не само во Македонија, туку и пошироко во регионот.
Од МВР велат дека преку Бирото за јавна безбедност се испраќа јасна порака – криминалот нема засолниште, без разлика дали се одвива на улица, во институција или на спортски терен.