ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА НИЗ МАКЕДОНИЈА Уапсени над 15 лица во Скопје, Битола и во Ресен

При претресите биле пронајдени поголемо количество муниција и други предмети поврзани со кривични дела.

425

Македонската полиција засилена со специјалци, утрово во Скопје, Битола и Ресен при претреси на повеќе локации, лишила од слобода повеќе од 15 лица.

При претресите биле пронајдени поголемо количество муниција и други предмети поврзани со кривични дела.






Од МВР потврдуваат дека во тек се претреси, а за целта на оваа голема полициска акција и за крајниот исход од претресите повеќе информации најавуваат во текот на денот.

Поврзани содржини