ГОЛЕМА МЕЃУНАРОДНА СТУДИЈА ОТКРИВА Автоантителата причина за тешки форми на ковид-19
Изгледа дека кај одреден број на тешко заболени од ковид-19 антителата напаѓаат дел од сопстевениот имунитет кој игра клучна улога во борба против инфекцијата.
Антителата кои ги напаѓаат елементите на одбрана на нашиот имунитет се клучен двигател за тешките форми на ковид-19 и се причина за смрт по заразата со новиот коронавирус кај одреден број луѓе, покажала меѓународната студија.
Тие одметнати антитела, познати како автоантитела, се присутни и кај здрави лица, а нивното ниво расте со возраста, што може да помогне во објаснувањето зошто повозрасните лица се под поголем ризик од развој на тешка форма на болеста ковид-19.
Резултатите од големата меѓународна студија објавени на 19 август во научното списание Science Immunology и даваат многу докази кои ги поддржуваат наодите кои истиот тим ги направил во септември 2020 година. Тимот научници предводен од Jean-Laurentom Casanovа од Универзитетот Рокфелер во Њујорк, открил дека околу 10 отсто лица со тешка форма на ковид-19 имаат автоантитела кои ги напаѓаат блок тип 1 интерфероните, молекулите на протеините во крвта кои имаат критична улога во борбата против вирусната инфекција.
Првиот извештај објавен лани, бил веројатно еден од најважните студии откако избувна пандемијата. Тоа што го направивме во новата студија е дека навистина длабоко истраживме колку се чести тие автоантитела ширум генералната популација и се утврди дека се запрепастувачки чести – вели Арон Ринг, имунолог од Школата за медицина на Универзитетот Јејл во Њу Хавен во американската држава Конектикат.
Меѓународниот тим научници се сконцентрирале на откривање на автоантителата кои можат да ги неутрализираат пониските, физиолошки порелевантни концентрации на интерферон. Студијата ја спровеле на 3.595 пациенти од 38 земји во светот кои имале многу тешка форма на ковид-19, односно на лица кои завршиле на интензивна нега поради потешки болести.
Вкупно гледано, 13,6 отсто од тие пациенти имале автоантитела, од тоа 9,6 отсто од пациентите со тие антитела биле помлади од 40 години, а до 21 отсто пациенти со тие антитела биле на возраст над 80 години.
Автоантителата исто така биле присутни и кај 18 отсто пациенти кои починале од ковид-19.
Казанова и неговите колеги се сомневале дека причина за тоа се злонамерните антитела, а не дека се последица од тешко заболување од ковид-19. За тоа имало и добри индиции, бидејќи неговиот тим открил присуство на тие антитела во четири од 1.000 здрави лица чии примероци на крв се обезбедени пред пандемијата. Неговиот тим открил дека поединци со генетски мутации кои ја попречуваат активноста на тип 1 интерферонот имаат поголем ризик да развијат тешка форма на ковид-19.
За да ја истражат таа поврзаност, научниците тргнале во потрага на автоантителата во масовна колекција на крвни примероци земени од речиси 35.000 здрави лица пред пандемијата. Кај нив 0,18 отсто, на возраст меѓу 18 и 69 години, има автоантитела против типот 1 интерферон и дека тој се зголемува со возраста. Антителата биле присутни и кај 1,1 отсто здрави лица на возраст меѓу 70 и 79 години и кај 3,4 отсто здрави лица на возраст над 80 години.
– Има огромно зголемување на нивото на тие автоантитела кај постарите. Тоа го објаснува високиот ризик од тешка форма на ковид-19 кај постарата популација – вели Казанова.
Тој додава дека резултатите од истражувањето имаат многу јасна клиничка импликација и сугерира болниците да ги проверуваат пациентите на тие автоантитела, како и мутациите кои влијаат на работата на тип 1 интерферонот. Тоа може многу да помогне во откривањето кои лица имаат поголеми шанси да развијат тешка форма на ковид-19 и да им помогне на нивните лекари да им овозможат соодветно лекување.
– Примерокот од повеќе од 30.000 лица е преголем за да се игнорира – вели Ринг.
Тој додава дека научниците сега треба да размислат за истражување дали тие автоантитела имаат улога и во поттикнувањето на други заразни болести.
– Претпоставувам дека само гребнавме по површината – вели Ринг.