ГОЛЕМА ИСТРАГА ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ПО СМРТТА НА ЕКС-МИНИСТЕРКА Уапсен е 26-годишник, дали случајот е политички мотивиран?

Смртта на Ен Видикомб првично отвори многу прашања, а истрагата сега доби кривичен тек. Полицијата приведе 26-годишен маж, но засега нема индикации дека случајот е политички мотивиран.

1

Поранешната британска министерка и долгогодишна пратеничка Ен Видикомб беше пронајдена мртва во својот дом на југот на Англија. Полицијата отвори истрага за убиство и уапси 26-годишен осомничен.

Полицијата на Девон и Корнвол соопшти дека мажот бил приведен во Њутн Абот и останува во притвор додека трае истрагата. Видикомб имала 78 години и, според полицијата, претрпела сериозни повреди пред да биде пронајдена мртва во местото Хејтор, на работ од Националниот парк Дартмур.






Уапсен осомничен, мотивот е непознат

Помошникот началник на полицијата Мет Лонгман изјави дека истражителите во моментов ги проверуваат сите можни сценарија.

– Можеме да потврдиме дека 26-годишен маж е уапсен под сомнение за убиството на Ен Видикомб. Осомничениот останува во полициски притвор додека трае истрагата – рече Лонгман.

На прашањето дали нападот можеби бил политички мотивиран, тој одговори дека засега нема докази што би упатувале во таа насока.

Полицијата соопшти и дека случајот не се третира како терористички инцидент.

Од министерка до телевизиска ѕвезда

Ен Видикомб беше едно од попознатите имиња на британската конзервативна сцена.  Во политичката кариера беше пратеничка на Конзервативната партија и министерка задолжена за затворскиот систем.

Пошироката јавност ја запозна и преку популарното шоу „Стриктли кам денсинг“, во кое учествуваше по заминувањето од парламентот.

Подоцна му се приклучи на движењето за Брегзит и стана една од поддржувачите на политиките на Најџел Фараж.

Поврзани содржини