ГОЛЕМА ГУЖВА НА БОГОРОДИЦА Граѓаните велат дека се чека и по 2 часа на сонце

Авто мото сојузот на Македонија утрото објави дека на овој граничен премин се чека  околу 30 минути на македонската страна од границата и дека на останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

289

Денеска од раните утрински часови има гужви на граничниот премин Богородица, се жалат граѓани кои се обидуваат да заминат во Грција, но и туристи од Србија кои алармираат дека на преминот чекаат  по 2 часа.,

Авто мото сојузот на Македонија утрото објави  дека на овој граничен премин се чека  околу 30 минути на македонската страна од границата и дека на останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.






Врз основа на најновата снимка од камерата инсталирана на овој премин, може да се види дека двете  ленти кои одат кон Грција се зафатени и возилата едвај се движат напред. Огромни гужви се забележани и на приодите кон границата.

Според патниците кои се јавуваат од терен, чекањето може да трае и до два часа, а многумина се заглавени без климатизација, вода и основни услови за престој во автомобилите на летното сонце.

Српскиот автомобилски сојуз ги предупреди Србите дека најголемите гужви се токму на премините кон Грција, имено според нивните информации,

„На преминот Прешево – Табановце е  зголемен сообраќајот, но конвоите се движат. На Богородица – Евзони: моментално најкритичната рута, се доцни до 150 минути. Дојран – Дојран и Меџитлија – Ники може да се користи како алтернатива за влез во Грција, но се додава дека на овој премин  често работат скратено или имаат помалку ленти.

Со оглед дека денеска е ден пред викенд се очекува гужвите да бидат уште поголеми во текот на попладневните  часови и утре наутро.

Поврзани содржини