ГОЛЕМА ФРЕКВЕНЦИЈА НА ВОЗИЛА НА ПАТИШТАТА На премините Табановце и на Богородица се чека по 40 минути за влез и излез

На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

126

Сообраќајот на патиштаta се одвива непречено по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Се бележи зголемена фреквенција на возила, информира АМСМ.

Оттаму додаваат дека на ГП Табановце за влез и на ГП Богородица за излез од државата, времето на чекање е околу 40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.






АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата.

Поврзани содржини