Голема експлозија во Бристол, има мртви ВИДЕО

605

Во Бристол, Велика Британија се случила голема експлозија. На терен е полицијата и пожарникари.

Пожарникарите се повикани во 11.20 часот по локално време и има мртви, јавува The Bristol Post.






На терен се повеќе полициски и противпожарни возила, како и хеликоптер.

Една од фотографиите од местото покажува дека е оштетен споменик, јавува Sky News. Се гледа и чад.

Сведок на експлозијата рекол дека видел хеликоптер кој е во потрага на исчезнати луѓе и дека полицијата ја затворила улицата во близина на споменикот за кој рекол дека мисли дека е дел од центар за складирање на отпад.

– Слушнав звук, работам во друг магацин. По 10 минути видов како доаѓа хеликоптер и полиција – вели сведокот.

Поврзани содржини