ГОЛЕМА ЦРВЕНА ПРОМОЦИЈА НА MILWAUKEE ВО МАКЕДОНИЈА Глобалното искуство го доживеаја и македонските корисници на алати

Еуроимпекс, како генерален увозник и дистрибутер на Milwaukee за Македонија, ја организира оваа турнеја во Скопје со цел да им овозможи на македонските корисници да бидат дел од глобалното Milwaukee искуство.

113

Milwaukee BIG RED Светска тура 2025 пристигна во Скопје – голем настан за сите љубители на алати и иновации. Импресивна мобилна изложбена платформа што патува низ Европа и го носи најдоброто од светот на Milwaukee директно до професионалците и ентузијастите.

Еуроимпекс, како генерален увозник и дистрибутер на Milwaukee за Македонија, ја организира оваа турнеја во Скопје со цел да им овозможи на македонските корисници да бидат дел од глобалното Milwaukee искуство. Ова беше ретка можност да се види и почувствува најдоброто што овој бренд го нуди во живо, на едно место.






Специјалното демо возило беше поставено во кругот на Еуроимпекс, на булеварот Трета Македонска Бригада, на 11.11.2025 година. Возилото е целосно опремено со најновата палета на Milwaukee алати, батериски системи и иновативни решенија за секој занает и индустрија. За време на турнејата имаше екслузивни промоции и специјални понуди на производите, а експертите на Milwaukee и Еуроимпекс беа достапни за професионални совети и презентации.

– Оваа година, Еуроимпекс одбележува 18 години како генерален увозник на македонскиот пазар на Milwaukee –  бренд со 100-годишна традиција во производство на електрични и акумулаторски алати. Кога станува збор за алати за професионална работа, брендот Milwaukee е на прво место, покрај останатите брендови на алати: Bahco, Irimo, Portable Winch. Овие брендови, заедно со Milwaukee, ја издвојуваат компанијата Еуроимпекс како една од водечките компании во продажбата на алати наменети за професионалци во Македонија – изјави Роберт Анастасов, директор на секторот за алати во Еуроимпекс.

Оваа компанија има широка дистрибутивна мрежа низ цела Македонија, а има и сопствен сервисен центар за машини и алати од нивните програми за да обезбеди квалитетна грижа за корисниците.

Еуроимпекс, во своето 35-годишно постоење, бележи раст, развој и успешно стопанисување во различни области, вклучувајќи ги сите брендови што ги претставува.

Работењето на компанијата е насочено кон сите брендови подеднакво: четири брендови на алати (Milwaukee, Bahco, Irimo, Portable Winch), Total Energies, Ловиштето Ниџе, автомобилските брендови Peugeot и Opel, кои покрај во Македонија, Еуроимпекс ги претставува и во Србија, Црна Гора, Косово и во Албанија.

За повеќе информации обратете се во Еуроимпекс на https://euroimpex.mk/

 

Поврзани содржини