ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ФУДБАЛЕР Навивачите на Динамо му нацртаа мурал на Адеми (ФОТО)

Цртежот се наоѓа во близина на основно училиште во Загреб, а дело е на уметникот Јурча.

529

Навивачите на хрватскиот фудбалски клуб Динамо Загреб му укажаа огромна чест на македонскиот репрезентативец и капитен на нивниот клуб, Аријан Адеми, со тоа што му нацртаа мурал во главниот град на Хрватска.

Цртежот се наоѓа во близина на основно училиште во Загреб, а дело е на уметникот Јурча.






– Никогаш не се цртал мурал на активни играчи на некој клуб, па така е со Динамо, но навивачите одлучија дека мора да му биде посветен еден мурал на капитенот Аријан Адеми кој секогаш давал сè од себе за клубот и за навивачите, и кој сигурно е меѓу тие што оставиле голем белег иако сè уште игра“, напиша Јурча на својот профил на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jurča (@jurca_zgb)

Поврзани содржини